Во Мокриево се одржаа традиционалните „Странчинарски игри
На 14-ти јануари во селото Мокриево се одржуваат традиционалните „Странчинарски игри“. Ова е вековна традиција во подбеласичкото село Мокриево. Секоја година за Василица е еден од најубавите обичаи, се собираат стотици граѓани но и учесници на Страчинарските игри.
Маските на странчинарите не се ниту приближно страшни колку што била благородна нивната мисија. Овие навидум необични суштества со маски на чудовишта од бајките, всушност биле заштитници на народот. Василица бил денот кога се собира храна за сиромашните. Токму затоа на Василица, со храната што ќе ја соберат странчинарите ќе се приготви голема селска гозба.
Василица започнува со палењето на големите Василичарски огнови во Мокриево и го означуваат почетокот на „Странчинарските игри “.