Рецепт на Денот- Модар Патлиџан на Медитерански Начин
Лесно и вкусно јадење за сите љубители на медитеранската кујна…Уживајте
Потребни состојки
3 мали модри патлиџани (околу 1kg)
3 домати (370 g)
1 свежи црвени пиперки
250 g фета сирење
100 g исецкана шунка
сол, црн пипер, оригано, босилек, лист од першун, маслиново масло
100 gr рендено сирење
Припрема
Модрите патлиџани треба добро да се измијат, потоа во должина се сечат на половина, потоа ставете ги во вода околу половина час да постојат.
Доматите, пиперките, шунката и сирењето, треба добро да се испасираат и да се измешат заедно.
Потоа додете ги зачините по вкус, сол,пипер, оригано, босилек..
После пола саат, со лажица извадете ја средината од модрите патлиџани и оставете ја на страна, таа потоа ќе се пече во истата тепсија заедно со полнетите патлиџани.
Модрите патлиџани треба благо да се послат пред да бидт наполнети со смесата.
Секој патлиџан наполнете го со смесата од домати,сирење,шунка и пиперки…Потоа во претходно згреаната тепсија ставете по еден патлиџан и попркајте го со маслиновото масло,помеѓу секој патлиџан ставете ја смесата која беше претходно извадена од патлиџанот,т.е.месото на патлиџанот.
Сето тоа треба да се стави во претходно загреаната фурна на 250 степени и треба да се пече околу 30-40 минути, потоа извадете ги , и ставете одозгора рендено сирење и повторно треба да се печат уште 15 минути на намлена температура….