Реакција на општина Струмица на прес конференцијата одржана од неколкумина граѓани на ден 18. 09. 2015 год.
Иако од денешната прес конференција на неколкумината граѓани кои себе си се преставуваат за ,,чаршија,, или ,,еснаф,, не е воопшто јасно со какви проблеми се соочуваат и кои се нивните потреби и барања, сепак вреди да се потенцира дека општина Струмица има формирано свој ,,Локален економски социјален совет,, во кој како партиципиенти се јавуваат двајцата водечки луѓе на Занаетчиската комора на Струмица. Но досега ниту еден предлог, проблем или барање на малостопанствениците не бил предложен за реализација во рамките на ова тело. За да бидат подобро информирани оние кои очигледно зборуваат неаргументирано, Локалниот економски социјален совет меѓу другите постои и за нив, а зошто тоа не го ползуваат е сосема друго прашање. Симптоматична е и пасивноста на овие луѓе кои денес зборуваа кои ги немаше ниту на една форумска сесија од ,,Форумот во заедницата,, во рамките на кој се доставуваат предлози и барања од сите категории граѓани, а согласно таквите предлози Општината ја креира својата програма за работа и годишниот буџет.
За жал и денешнава прес конференција покажува дека некои луѓе неуспешно одработуваат за одредена политичка партија неаргументирано напаѓајќи го градоначалникот Зоран Заев.