Работна средба на Комисијата за спроведување на јавен повик за проекти од Здруженија на граѓани
Работна средба на Комисијата за спроведување на јавен повик за проекти од Здруженија на граѓани од Општина Струмица со Претставници на Здруженијата на граѓани чии проекти се грантирани од Буџетот на општина Струмица за 2016 година
Во просториите на Дом на АРМ , 30.07.2016 година (четврток), Комисијата за спроведување на јавен повик за проекти од Здруженија на граѓани од Општина Струмица одржа работна средба со Претставници на Здруженијата на граѓани чии проекти се грантирани од Буџетот на општина Струмица за 2016 година заради координација, усогласување и наредни постапувања кои се однесуваат на реализацијата на активностите согласно процедурата за распределба на финансиските средства и потпишаните договри.
Заради испочитување на процедурата и обврските од договорите, секое Здружение на граѓани, грантист, во наредните десет дена има обврска до Комисијата за спроведување на јавниот повик да поднесат поединечни наративни извештаи за степенот на реализација од првата фаза заради стекнување право на користење на втората рата во висина од 40% од вкупниот буџет на секој поединечен проект.
Согласно договорите сите Здруженија на граѓани – грантисти со реализацијата на своите проекти треба да завршат до 31.10.2016 година и до Општина Струмица да поднесат комплетен наративен и финансиски извештај со кој ќе ја потврдат соодветноста на трошењето на грантот, по што ќе им биде исплатена последната трета рата како остаток од 20%.
Доколку Комисијата констатира ненаменско трошење на парите или отстапки од договрот кај некое од Здруженијата, општината ќе изврши побарување за повраќај на грантот.