Промоција на „Злосторство и Вазна“ од Ѓургица Костадиновска
Драмата „Злосторство и Вазна“ од Ѓургица Костадиновска излезе во печат со поддршка на програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Ѓургица Костадиновска е млад авотр родена на 12. 12. 1989 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик. Непосредно пред дипломирањето од печат излегува нејзината прва книга, роман за деца „Тајните на пештерата“ во издание на ДАТА Песнопој – Битола. Автор е и на збирка лирски раскази со наслов „Сказните на романтичните патници“ кои можат да се најдат во електронска форма. Љубовта кон книжевноста кај неа се раѓа уште во раните детски години, а подоцна тоа станува нејзина професија.
Во рецензијата за драмата „Злосторство и вазна“ проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска ќе напише дека
ракописот што го нуди младата авторка Ѓургица Костадиновска е пред сẻ предизвик за неa самата. Читањето на еден текст зависи од времето на публиката. А публиката на новото време, на денешново време инсистира на едно длабинско читање на текстовите кое подразбира читање на симболи и особено препознавање на иронијата во нив. Така што слободно може да се каже дека тоа се препознава уште во самиот наслов кој си поигрува со насловот на романот на Достоевски.
Со задоволство Ве покануваме на промоција на нејзиното дело „Злосторство и Вазна“ за да се запознаете со
– „потрагата“ по постоечко (вистинско/реално) совршено злосторство
– „потрагата“ по некој интересен психопат
– „потрагата“ по сродни души
Промоцијата ќе биде во Четврток во 18 часот во SUB CLUB