Пица Омлет за Вкусен Појадок

Секогаш ве мачат истите проблеми што Појадок да припремите за вас и за вашите најблиски.
За денеска ви препорачуваме несекојдневен појадок, станува збор за Пица Омлет….

Потребни Состојки
6 јајца
1 голема лажица пченкарно брашно
50 ml млеко
200 g шунка
200 g исецкано сирење
доматен сос
малку сол
маслинки
мешавина од зачини или оригано

Припрема
Прво се загрева фурната на 180 степени
Во јајцата додадете млеко, сол и брашно и добро изматете ја смесата, земете поголема тава , премачкајте ја со масло и ставете ја на шпоретот малку да се загрее, но не на висока температура.
Ставете ја смесата во тавата додека јајцата не формираат убава смеса како палачинка, и потоа додате доматното пире, сирењето и шунката, како и зачините или ориганото.
Потоа ставете ја во фурната да се пече околу 10 минути…Потоа исечете ја на парчиња и имајте вкусен појадок…Наздравје…

Напишете коментар