Општина Струмица и „Комуналец“ ги информираат граѓаните дека ја следат состојбата со проодноста на улиците и патиштата
Снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Струмица засега не предизвикуваат посериозни проблеми, освен на патниот правец кон населените места Попчево и Рич, каде што веднаш е активирана механизација за чистење на снегот од коловозот.
Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги информираат граѓаните дека ја следат состојбата со проодноста на улиците и патиштата и се е подготвено за навремено интервенирање. На дел од тротоарите и улиците во градот се интервенираше со сол и ризла, како и во населените места Муртино, Банско и Габрово. За зимското одржување на улиците и патиштата обезбедени се 35 тони сол и 25 тони ризла, обезбеден е циклон, подготвени се возилата за нивно распрскување и двете мали возила за расчистување на пешачките зони и тротоарите. Доколку има потреба, ќе биде активирана и дополнителна механизација.