Околу 700 тркачи учествуваа на Sunday Run 2026 во Струмица
На 2 ноември 2026 година во Струмица се одржа спортско-рекреативната манифестација „Струмица на улица – Sunday Run 2026“. Настанот, чија цел е промоција на спортот и здравите навики, собра околу 700 учесници. Тркачите се натпреваруваа во три категории: полумаратон на 21 километар, како и трки на 5 и 10 километри. На манифестацијата присуствуваше градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков. Организатор на настанот е Атлетскиот клуб „Беласица Ран“, со финансиска поддршка од општинскиот буџет за спорт и физичка култура. Општина Струмица истакна дека продолжува да ги поддржува настаните кои ги поврзуваат граѓаните и промовираат поактивен живот.
Прочитајте и: Струмица на улица: Пријавите за Sunday Run 2026 се отворени, Јанков со организаторите за „Струмица на улица – Sunday Run 2026“
Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица
