НАСКОРО: „ТРОШКИ НАДЕЖ“ – театарска претстава во изведба на учениците од гимназијата „Јане Сандански“
Во тек се подготовките за претставата „Трошки надеж“ која изминативе месеци ја подготвуваат ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Сценариото за претставата го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и Моника Котева и Надица Трајкова под менторство на професорката по Драмска уметност Ѓургица Костадиновска.
Претставата ќе биде изведена на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица. Наскоро, очекувајте повеќе детали.
Во продолжение погледнете ја видео најавата што ја подготви Митко Ников