Младите од о. Босилово Успешно ја Реализира Хуманитарната Забава
Под мотото Заедно создаваме круг на Хуманост- младите за Христијан, викендот во Мавита во с.Штука, младите од општина Босилово заедно со градоначалникот господинот Љупчо Колев и советниците успешно даруваа за Христијан.
Во една пријатна атмосфера сите млади уште еднаш докажаа дека хуманоста се негува уште од најмали години и се надеваат дека собраните средства ќе помогнат во лекувањето на Христијан.