Кире Пиличев со награда за Најзгодна женска на Струмичкиот Маскенбал
Синоќа во хотелот Сириус се одржа традиционалниот Струмички Маскембал, во одлична атмосфера продефелираа маските на дел од учесниците во овогодинешниот Струмички Карневал.
За подигање на атмосферата се погрижи познатата струмичка група Јупитер.
Посебен момент во оваа манифестација пред прогласувањето на Принцот и Принцезата, на предлог на водителот Ѓорги Калајџиев и на големо задоволство на организациониот одбор, за прв пат беше доделена награда за најзгодна женска…Таа чест му се падна на камерманот на ТВ Канал Вис, Кире Пиличев.