Драган Јованов: Фитомедицината и правилниот начин на исхрана за заштита на црниот дроб

Црниот дроб е жлезда во човековото тело, додадена до органите за варење. Црниот дроб постојано ја филтрира крвта која кружи низ телото, претворајќи ги хранливите состојки и лековите кои се апсорбираат во системот за варење во хемиски материи подготвени за употреба. Тој, исто така, ги одстранува отровите и другите хемиски отпадни производи од крвта и ги подготвува за излачување. Бидејќи крвта во телото мора да помине низ црниот дроб, таа е многу достапна за клетките на ракот кои се пренесуваат низ крвотокот. Иронично е што додека црниот дроб може да го исчисти телото од надворешни и внатрешни произведени отрови, не може да се исчисти самиот себе од ракот.
Здравствени проблеми кои го напаѓаат црниот дроб се:
– Алергија преосетливост поради лабилна функција на црниот дроб
– Анафилакса – која настанува поради недостаток на белковини во организмот
– Тегоби на нервна база
– Слабо лачење на жолчка
– За подобро лачење на жолчка
– Зголемено лажење на жолчка
– Подобар промет на азотни материи
– Подобар промет на вода
– Против зголемена уреа
– Против зголемена мокрачна киселина
– Долготрајна жолтица
– Воспаление на црниот дроб и жолчните патишта
– Цироза на црн дроб
– Застој во крвотокот на црниот дроб
– Ехинококус
– Замастен црн дроб и др.
Цироза на црн дроб
Симптоми
Често не се појавуваат никакви симптоми се додека болеста не е влезена во подоцните стадиуми. Кога ке се појават, симптомите вклучуваат:
– Мачнина, повраќање и губење на апетитот
– Невообичаено добивање или намалување на телесната тежина
– Жолта боја на кожата и очите
– Темна моч
– Крвав, црн измет или измет со необично светла боја
– Повраќање крв
– Отекување на стомакот
– Долготрајно општо чешање
– Отечени стапала или нозе
– Црвени дланки
– Пречки при спиењето и бунило
– Замор или ослабена издржливост
– Зголемени гради кај мажите
– Губење на сексуалната желба
– Менструално нарушување кај жените
– Крвни садови слични на пајажина на градите и рамената
Цирозата е сериозна дегенеративна болест што се појавува кога здравите клетки во црниот дроб ке се оштетат, обично како последица од алкохолизам или хепатитис, и ке се заменат со лузнесто ткиво. Како што клетките на црниот дроб им отстапуваат место на тврдите лузнести ткива, овој орган престанува правилно да функционира. Тешкото оштетување може да доведе до откажување на црниот дроб, а е можна и смрт. Цирозата представува и друга опасност, густото лузнасто ткиво го забавува нормалното движење на крвта низ црниот дроб, доведувајќи до зголемување на притисокот во крвните садови кои го снабдуваат овој дел. Во некој случаи овој притисок толку расте што садовите во хранопроводникот прскаат. Цирозата е сериозна болест поради важноста на органите кои го зафаќа. Црниот дроб, кој е тежок околу 1,5 кг и голем приближно како една ракометна топка, и е најголем внатрешен орган во телото. Меѓу многуте функции, црниот дроб служи како важен дел од системот за варење со создавање на жолч, што се чува во жолчката, потоа се испушта во тенкото црево, каде помага да се разгради масната храна. Црниот дроб исто така помага да се одржи нормалниот состав на крвта со регулирање на количеството на мастите, белковините и шеќерите кои влегуваат во крвотокот. Како главен пречистувач на крвта во организмот, црниот дроб работи на детоксикација на алкохолот, лековите и другите можни штетни хемиски материи. Покрај слезината црниот дроб ги задржува и ги одстранува истрошените црвени крвни зрнца. Бидејќи помага во одстранувањето на бактериите и вирусите од крвта, црниот дроб е животно важен дел на имунолошкиот систем. Ако црниот дроб не ви е функционира на задоволителен начин, подложни сте на инфекции. Црниот дроб е исклучително издржлив на болести и повреди. Дури и откако 70 проценти од неговата маса е уништена или одстранета, органот сеуште може да функционира, иако со намалена делотворност.

Причинители
Цирозата се појавува како последица на долготрајно оштетување на црниот дроб. Како можни причинители се вклучуваат вируси, генетски нарушувања, подолг период на отежнат проток на жолчката и долготрајна изложеност на лекови и други отровни материи. Во повеќето случаеви причина е преголема употреба на алкохол. Испитувањата покажуваат дека ако умерено се консумира алкохол може да помогне во спречувањето на мозочни удари, наполно е јасно дека консумирањето на големи количества алкохол го уништуваат црниот дроб. На пример Французите прочуени се по големата употреба на вино и имаат ниска стапка на срцеви заболувања, но имаат висока стапка на заболеми од цироза на црн дроб. Прекумерената употреба на алкохол речиси неизбежно води до цироза. Некои луѓе кои многу пијат добиваат алкохолен хепатитис, воспаление на црниот дроб кое може да трае една или две недели, создавајќи симптоми на мачнина, температура, губење на апетитот, жолтица и бунило. Совреме оваа болест може да доведе до цироза. Дури и луѓето кои пијат малку, па си дозволуваат и да се опијанат, можат да заболат од нарушување наречено масен црн дроб, што се појавува кога клетките на црниот дроб ќе се зголемат поради насобирање масти и вода. Оваа тегоба може да предизвика болки или чувствителност на црниот дроб, прекумерена жолтица и нарушување на другите функции на црниот дроб (Масен црн дроб може да се појави како последица на дијабетес, дебелина или неисхранетост). По алкохолизмот, најчест причинител за цирозата е хепатитисот, општ поим значи воспаление на црн дроб. Од разните облици на оваа болест само две (хепатитис Б и хепатитис Ц) веројатно ке доведат до цироза. Цирозата понекогаш иако многу ретко се јавува поради наследно нарушување на црниот дроб. Кај Вилсоновата болест на пример генетска мана го спречува метаболизмот на бакарот во организмот. На децата кои ке се родат со галактоземија им недостасува ензим потребен за варење на млечниот шеќер. Некои деца се раѓаат без жолчни каналчиња или со деформирани каналчиња.
Лекување
Најдобриот начин за лекување на цирозата е отстранување на причинителот што се наоѓа во заднината на заболувањето. Тоа би можело да значи прекинувањето на пиење алкохол, барање лек за хепатитисот или наследна болест, или одстранување на одредени материи од исхраната или околината.
Фитомедицински начини на заштита
Со фитомедицинските начини на заштита од цироза главно се настојува да се забрза функционирањето на здравите клетки на црниот дроб, и да се ублажи тегобата и ослабеноста на организмот поврзани со болеста. Научни истражувања покажаа дека добри за заштита се (Silybum marianum), Смилот, Чичокот, Артичоката и др. Го забрзуваат нормалното функционирање на црниот дроб.
Исхрана
Правилната исхрана има важна улога во лекувањето на цирозата на црниот дроб. Треба да се внимава со внесувањето на белковини. Да консумираат варена храна, да консумираат зеленчук, овошје, житарици, да се избегнува мрсна храна, премногу лута, солена храна и др.
Рак на црниот дроб
Симптоми
Ракот на црниот дроб обично нема почетни симптоми но понекогаш може да предизвика:
– Болка, отекување или мекост во горниот десен дел на стомакот
– Пожолтена кожа и белки како кај жолтица
– Чешање на секаде по телото
– Отечени нозе
Во напредна фаза симптомите можат да бидат зголемена телесна температура, губење на апетитот и телесна тежина, мачнина, повраќање, општа слабост и губење на половата желба.
На основниот рак на црниот дроб кој прво се јавува токму во црниот дроб отпаѓаат околу 2 проценти од случаите на рак, а дури половина од сите случаи на рак во неразвиените земји, пред се поради постоењето на хеатитисот, штетен вирус, кој го предодредува човекот за рак на црниот дроб. Во светот примарниот рак на црниот дроб се јавува два пати почесто кај мажите отколку кај жените и најчесто кај луѓе на возраст над 50 години.
Причинители
Основниот рак на црниот дроб се јавува на црниот дроб кој е оштетен поради вродени оштетувања или хепатитис Б или Ц и цироза. На половина луѓе на кои им е дијагонстициран рак на црниот дроб имаат цироза, а оние кои страдаат од хремокронатоза или премногу железо уште е поголема веројатноста дека ке заболат. За да се дијагностицира ракот на црниот дроб, лекарот мора да ги исклучи другите причини за појава на симптомите.

Лекување
Секој рак на црниот дроб е тежок за лекување. Основниот рак на црниот дроб ретко може да се открие рано, кога е најлесен за лекување. Секунадарниот рак на црниот дроб тешко се лекува затоа што е веќе проширен. Исто така сложената мрежа на крвни садови во црниот дроб ја прави операцијата тешка. Повеќето облици на лекување се насочени на тоа болните подобро да се чувствуваат и можеби подолго да живеат.
Во дополнителните начини на лекување кои можат да бидат корисни се масажата, постапките за олабавување, работа на телото, биофидбекот, хипнотерапија и акопунктура.
Артичока (Cynara scolimus)
Артичоката се употребува како зеленчук во Западна Европа. Има голема цветна глава со меснати сочни цветови и меснати листови. Тие сочни делови се користат како омилен зеленчук. Претставува благ диуретик, поволно дејствува врз црниот дроб, ја намалува крвта во урината, го зголемува излачувањето на уреа, помага при варење на мастите. Кај нас употребата на артичоката не е позната, а на Запад се употребува против жолтица, конгресија на црниот дроб, болки во бешиката и цироза.
Ајдучка трева (Achillea millefolium)
Ајдучката трева е долговечно, зелјесто, мошне обично растение, кое расте на суви места како коров. Стеблото е право, неразгрането, високо до 80 cm, многу цврсто и обраснато со долги листови кои се повеќекратно, многу ситно, китнесто-пердувесто разделени како најфина тантела. Цветните главички се ситни и бели, понекогаш малку розови, здружени во цветови на врвовите од гранките на стеблото и распоредени во форма на штит. Цвета во текот на целото лето. Ова лековито растение има посебен мирис, а нејзиниот вкус е горчлив, ароматичен и малку солен. Расте на сончеви и многу влажни терени, се појавува и покрај патишта, на каменети предели, шумски ледини, како и на нивите и лозјата. За време на цветањето се собираат цветовите со кратки дршки, но може да се собира целото растение со должина до 30 cm. Ајдучката трева ја прочистува и ја подобрува крвта. Исто така, ја подобрува и работата на органите за варење на храната. Особено е корисна за лекување на црниот дроб, слезинката, панкреасот, против жолтица, прилив на крв во главата, катар во цревата и во желудникот, потоа грчеви, треска, силно чукање на срцето, болки во рбетот и на грбот, нередовна менструација, несоници, разни бронки и чиреви. Ајдучката трева ги намалува тешкотиите при болки во коските и при ревматизам. Поволно влијае и при лекување на шеќерна болест, особено во почетниот стадиум. Корисна е и при прекумерно крварење. Поволно дејствува врз усвојувањето на храната од страна на организмот. Калиумот кој се содржи во ајдучката трева, помага во работата на бубрезите и крвотокот, па така посредно влијае врз работата на срцето, а успешно се користи и кај женските болести. Исто така, ајдучката трева се употребува и при ангина пекторис, и тоа како чај. На нервозните луѓе им се препорачува почесто миење на целото тело, со разладен чај од ајдучка трева, и тоа наутро и навечер. При употреба на ајдучката трева треба да се знае дека кај чувствителните личности, таа може да предизвика алергии. Затоа, луѓето со чувствителна кожа треба да користат само млади, туку процветни растенија, а чајот да го пијат во поголеми количества.Подготовка на чајот: Едно или две лажичиња ајдучка трева да се прелие со вода, да се остави да стои 5 минути и потоа да се исцеди. Дневно да се пијат од 2 до 4 чаши во еднакво распоредени количини во текот на целиот ден. Ако се употребува за лекување на желудочни и цревни заболувања, тогаш чајот не смее да биде заблажен.
Глуварче – (Tаraxacum officinale)
Глуварчето е повеќегодишна зељеста билка, со големина до 20 см, без надземно стебло.
Лисјата и се издолжени, засечени и на врвот остри. Цветовите на глуварчето се жолто-бели и со долга дршка. кога ќе се откине билката, испушта бело млеко кое не е отровно. Глуварчето е распространето насекаде. Може да се собира целата билка.
УПОТРЕБА:
Глуварчето е познато средство за прочистување на крвта и за зајакнување на организмот.
Исто така, глуварчето може да се употребува и против воспаление на белите дробови, за жолчка и црн дроб, за внатрешни крварења од бели дробови и бубрези и за хемороиди.
Глуварчето, може да се употребува и против болести на панкреасот и дијабетес, болест на уринарниот тракт и бубрезите.

Смиљ (Helichrysum plicatum)
Повеќегодишно, тројно растение со сивкаст изглед. Стеблото е високо 20-40 см исправено, неразгрането и исполнето со долгонавести листови. Смиљот цути преку летото. Од растението се собираат цветовите, кога тие ке започнат да се отвараат во почетокот на цутењето по убаво и суво време. Во фитомедицината се употребуваат цветовите, како средство за сифрлање камен од бубрезите, песок од жолчката и бешиката, против вода во стомакот, како диуретик и се користи против здраствени проблеми на црниот дроб. Три супени лажици се попаруваат со половина литар врела вода.Потоа се поклопува преку целата ноќ, утредента се процедува и се пие 3 пати на ден половина час пред оброк.

Напишете коментар