Десет пожарникари од Струмица учествуваат на вежба во Србија под покровителство на НАТО
Десет пожарникари од Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018“ која што се одржува во Младеновац, Република Србија. Нивното учество е во рамките на Републичките сили за заштита и спасување.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, учеството на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот.
Вежбата ќе трае до 12 октомври и се одржува под покровителство на НАТО.