Објавени добитниците на награди на струмичкиот фестивал за карикатура и афоризам

На Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам во Струмица добитник на Златна плакета во категорија карикатура е Хенрик Цибула од Полска…

Делата на автори од 30 држави од цел свет ги разгледувало стручно жири во состав: Кирил Бушкенов од Бугарија (претседател) и членовите Јордан Попилиев, Никола Сарајлија, Ацо Гогов и Алексадар Филев, сите од Македонија, и Ганис Дури од Косово.

Тие вчера, 25 февруари, на прес-конференција ги соопштија добитниците на наградите.

– Сребрана плакета доби Милан Буковац од Србија, а Бронзена плакета Стојан Дечев од Бугарија.

Специјалната награда од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал му е доделена на Тоде Блажевски од Македонија, Поради голем избор на квалитентни карикатури доделивме и шест дипломи на трудови кои може да се рамнат со првонаградените, изјави Никола Сарајлија, член на жирито.

Дипломи ќе добијат Миро Ѓоргиевски и Трајче Трајковски од Македонија, Јиржи Срна од Чешка, Ивајло Цветков и Валери Алексов од Бугарија и Владмир Семренко од Русија.

За најдобар афористичар годинава е прогласен Веселин Зидаров од Бугарија, кој ќе добие Златна плакета.

Сребрената и Бронзената ги добија афористичарите Дејана Сеиловиќ од Србија и Ленче Стојменова од Македонија.

– Најмногу трудови ни пристигнаа од балканскиот регион, но имавме и од Русија. Првите наградени беа доста изедначени во квалитетот, па жирито мораше да направи селекција на суптилните разлики во квалитетот за да ги додели наградите, посочи Ацо Гогов, член на жирито, додавјќи дека доделиле дипломи и во категоријата афоризми со цел валоризација на трудот на авторите кои испратиле навистина квалитетни афоризми.

– Дипломи за афоризам добија Миле Георгиевски и Љупка Цветанова од Македонија, Владо Саблаковиќ од Црна Гора, Веселин Герогиев од Русија и Мирослав Бошков од Бугарија, посочи Гогов.

Изложбата на карикатурите и читање на афоризмите и свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 март 2016 година – „чист понеделник“ во рамки на повеќедневните активности на Струмичкиот карневал.

Фестивалот е посветен на карневалот со главна нота на блага еротска тематика. Организатор е НУ Центар за култура „Антон Панов“ од Струмица.

Преземнео-Република.мк

Напишете коментар