Општина Василево започна со санација на селските улици
Општина Василево деновиве започна со активности за подобрување на селските патишта и улички. Прва на агендата е една од улиците во Нова Маала која води од излезот на ова населено место кон гробиштата. Конкретно се работи на нејзино проширување и рамнење. Според информациите од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој денес на лице место го следеше текот на активностите, ваквите зафати на селските улички и патишта кои освен рамнење и проширување најчесто опфаќаат пополнување на дупките, крпење на асфалтот и тампонирање, се вообичаени и неопходни заради подобрување на нивната состојба.
Ваквата активност општина Василево ќе ја прошири и во другите населени места, односно ќе бидат опфатени сите оние улици кај кои санацијата е неопходна.
Овие активности се планирани со Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2016 година, средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево, а изведувач на работите е градежната фирма Џови комапани.