Проекти за типски куќи на Министерството за транспорт и врски
Готовите проекти за изградба на типски куќи за индивидуално домување, изготвени од Министерството за транспорт и врски, заинтересираните граѓани можат бесплатно да ги симнат од страната на Министерството за транспорт и врски на следниот линк:
http://www.mtc.gov.mk/index.php/component/banners/click/16 или да ги подигнат директно од страната на Министерството. Се работи за готови проекти за индивидуални куќи за домување (типски куќи) со големина од 60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2.
Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување на бесплатен проект за типски куќи, овозможува субвенционирање од 900 до 2500 евра за изградба на куќа. Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење.