Младински совет го реактивира Дебатниот клуб
Политичка дебата помеѓу политичари на телевизија, дебата помеѓу учениците и наставниците во однос на обрвските и правата во училиштето, дебата со другарките каде е подобро да се излегува викендот.. Зборот „дебата” е редовно застапен во нашето секојдневие, понекогаш во вистинска, но многу често и во погрешна конотација. Кога ќе го слушнеме зборот дебата, веднаш помислуваме на конфликт, несогласување и во краен случај кавга. Дебатата има многу поголемо значење отколку само цивилизаиран начин на искажување на спротиставени ставови. Таа ни помага подобро да се изразуваме и да ја надминеме тремата од јавен настап, а истовремено и да научиме нешто ново од нашиот соговорник. Ова е само еден од клубовите кои во иднина ќе функционираат во склоп на оваа невладина младинска организација. Младински Совет со реактивирањето на Дебатниот Клуб им овозможува на сите млади струмичани да научат правилно да го искажуваат своето мислење преку изучување на основите на дебатирање. Сите оние кои се заинтересирани за учество во еден ваков клуб се добредојдени на нашата прва средба која ќе се одржи на 16 февруари во 19.30 часот во просториите на Младински Совет (спроти Платинум). Ве очекуваме!