Оддадена почит на загинатите жители во трите опожарувања на Куклиш
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, вчера, присуствуваше на панихидита која што се одржа во Куклиш, а по повод 185 години од првото опожарување, 112 години од второто и 104 години од третото опожарување на ова населено место. Положи свежо цвеќе и им оддаде почит на загинатите жители од селото пред Спомен костурницата подигната во нивна чест. Со тоа, градоначалникот Заев уште еднаш ја потврди својата длабока почит кон историјата и паднатите борци кои своите животи ги положија во темелите на слободна и независна Македонија.
На обновувањето на спомените на паднатите борци во трите опожарувања на селото присуствуваа и пратеникот Панче Орцев, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на општинскиот одбор на Сојузот на борците, претставници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и жители на селото Куклиш.