ПРОМОЦИЈА: „Кутија од солзи“ – Тања Кармзова Костиглиола

Во недела, 24 јануари 2016 година, со почеток во 19:30 часот, во просториите на хотел Есперанто ќе се одржи промоцијата на втората стихозбирка на Тања Кармзова Костиглиола „Кутија со солзи“.
Издавач на оваа книга е ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“ – Струмица и директорката Тања Гошева, додека нејзиното публикување финансиски е поддржано од Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев. Рецензенти на книгата се Ѓорги Калајџиев, Сузана Мицева и Дарко Лешоски, промотор ќе биде Ѓорги Калајџиев, а стихови ќе чита Митко Гогов.
12606710_10153856175932790_1687432015_n
Тања Кармзова Костиглиола е родена на 18ти август 1989 година во Струмица. Своето детство и рана младост ги поминува во семејната куќа во Дабиле,и завршува средно стручно образование во СОУ “Димитар Влахов” во Струмица, каде стекнува диплома за фармацевтски техничар.
Од мали нозе пишува проза и поезија и конечно, а јуни 2007 година, ја издава својата прва збирка “Распетие на душата”. Кратко потоа, заминува да живее во Франција, во околината на Париз со својот избраник, а подоцна на свет доаѓа и нивниот син.
Денес работи во аптека во центарот на Париз, но истовремено е студент на факултетот за медицински науки, оддел фито-терапија и арома-терапија. “Кутија со солзи” е нејзината втора стихозбирка, а во моментот работи на францускиот превод на двете дела.
Ја инспирираат лавиринтите на реалноста и животот, пишува интимна поезија речиси секој ден, со помош на поезијата се обидува да ги извади од себе сите оние дневни јазови кои се обидуваат да го кочат нејзиното дишење. Не споделува секој ден од единствена причина што смета дека поезијата не би требало да биде нешто минливо, за неа стиховите претставуваат вистинско богатство и дар кој ретко кој го поседува. Поезијата за неа е начин да се соочи со самата себе и со начинот на кој другите ја читаат – објективно и неутрално.
Тања Кармзова – Костиглиола со својата втора книжевна објава несомнено успева да го потврди својот вонсериски творечки талент којшто го најави со дебитантската книга „Распетие на душата“ . Ѓорги Калајџиев

Tањa Кaрмзова – Костиглиола влегува сосема самоуверено во македонската поезија, сосема нетипично, со силен нагон да промени нешто во женското писмо карактеристично за новиот бран македонска поезија. Дарко Лешоски

Ви ги цеди емоциите и со нив прави еластични метафорични фигури во кои ги преплетува обичните ситуации со надреални случки. Сузана Мицева

Напишете коментар