Искршени канделабри и клупа во паркот во Василево
Во населеното место Василево, во паркот кој е лоциран на самиот влез во селото, искршени се сите канделабри и една од седумте клупи. Паркот кој треба да е пријатно место во кое ќе уживаат сите граѓани веќе извесно време е цел на несовесни граѓани, кои својот вандализам, некултура и крајно нецивилизирано однесување го искажуваат токму овде. Веднаш по неговата изградба, први на мета беа светилките во канделабрите, кои беа украдени. По замената со нови, следуваше кршење на дел, а подоцна и на сите канделабри. Последен во низата вандалски чинови е уништувањето на една од седумте клупи.
Локалната самоупра ги потсетува граѓаните дека паркот како и сите други објекти кои ги гради се од општа корист и се за доброто на сите граѓани, за подобрување на нивното секојдневие, поради што крајно несфатливо е вандалското однесување на одредени поединци. Со заедничките работи секој треба да се однесува како со сопствениот имот, бидејќи во суштина паркот е сопственост на секој граѓанин- порачуваат од општината.