По тешката Сообраќајна несреќа, повредените вон животна опасност
Бремена жена на возраст од 29 години и едно 10-годишно девојче се тешко повредени по сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на магистралниот пат Струмица – Ново Село. Во несреќата учествувале „Фиат Типо“ управувано од Ц.Т (29) и „Опел Астра“ управувано од Т.А (23).
Во сообраќајната полесно повредени се уште 3 лица кои се хоспитализирани во струмичката болница, а малото девојче и бремената жена се пренесени во скопските клиники поради карактерот на здобиените повреди. Полицијата се уште го истражува случајот и причината до која дошла несреќата. Според последните информации, тешко повредените патници се надвор од животна опасност.
фото-Струмица Денес