Работната група ја разгледуваше првата работна верзија на Стратегијата за ЛЕР на општина Струмица

Денеска се одржа консултативна средба на работната група на Локалниот економско социјален совет одговорна за изготвување на Стратегија за локален економски развој на општина Струмица за периодот 2016 – 2020 година. На средбата беше разгледана првата работна верзија на Стратегијата, се дискутираше по поднесените коментари и забелешки, а беа утврдени и следните активности на групата.
Изготвувањето на Стратегијата е со поддршка на УСАИД – проект „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработување“ (ЈЕС мрежа), а преку Локалниот економско социјален совет и одделението за локален економски развој на општина Струмица.

 

Напишете коментар