Едукативно предавање на тема-Последици од употреба на Петарди
Отсекот за превенции при секторот за внатрешни работи во Струмица, денеска во основните и средните училишта одржа едукативни предавања за последиците од употребата на петарди.
Бидејќи се наоѓаме во пресрет на новогодишните и божиќните празници, норлано е дека ќе се појават петардите, па несомнено е потребна едукација кај најмладите за несаканите последици кои можат да се случат при користењето на ваквите пиротехнички средства.
Според Тони Манушев, виш инспектор при свр Струмица, ваквите едукативни предавања кај најм
ладите се случуваат веќе повеќе години и овие предвања ги даваат посакуваните резултати.