Награда за Животно Дело од ФФМ за Благој Истатов
Фудбалската федерација на Македонија на свеченоста одржана во Македонскиот народен театар ги додели наградите за најдобрите во македонскиот фудбал во 2015 година. На легендарниот струмичанец голманот Благој Истатов му беше врачено признанието за животно дело со што се потврди неговата битна улога во македонскиот фудбал и фактот дека македонската јавност не ги заборавила неговите големи успеси.