„Комуналец“ привршува со садењето на темјанушките на јавните површини во градот
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ привршува со есенското хортикултурно уредување на јавните површини во градот. И годинава заради нивната отпорност на ниски температури, темјанушките ги заменија летните цвеќиња и дел од хризантемите кои досега одлично се вклопуваа во есенскиот амбиент на градот. Околу две илјади темјанушки во различни бои деновиве беа засадени на булеварот „Маршал Тито“ околу палмите, на кружниот тек на булеварот „Ленинова“, на кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ и на триаголниците кај пешачките премини. Со тоа исполнето е планираното засадување на околу десет илјади темјанушки на јавните површини во градот за оваа есен.