Академија Пандев Потпиша со Кемал Аломеровиќ
Кемал Аломеровиќ, кој веќе неколку недели тренираше со Победа, официјално стана нов член на третолигашот Академија Пандев. 35-годишниот фудбалер потпиша шестмесечен договор со амбициозниот клуб, во сопственост на Горан Пандев. Аломеровиќ е само уште еден од поранешните прволигашки фудбалери, кои продолжуваат со својата кариера во Академија Пандев, по Горан Мазнов, Драган Начевски, Александар Вареловски, Зоран Златковски, Јовица Трајчев, Мартин Петров, Мирче Натков и Ефтим Аксентиев. Оваа есен, Академија Пандев собра 5.000 гледачи на мечот со Беласица во рамките на Третата лига, а беше дел и од големите полемики со Плачковица, на мечот на градскиот стадион во Струмица.