Хуманитарна изложба по повод одбележување на 3-ти декември – меѓународниот ден на лицата со попреченост.

ЦПЛИП ПОРАКА Струмица на 03.12.2015 г. (четврток) со почеток од 18:00 часот во Дом на АРМ Струмица (голема сала), Ве кани на хуманитарна изложба по повод одбележување на 3-ти декември – меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На хуманитарната изложба ќе бидат претставени креации од серијата креативни работилници кои ЦПЛИП ПОРАКА Струмица ги реализираше од јули 2015 година заедно со членови на младински организации и ученици од средни и основни општински училишта од Струмица. Овие работилници беа дел од проектот „Заедно да ја пренесеме пораката на лицата со интелектуална попреченост“, кој се реализираше во партнерство со Здружение за млади АДОЛУС – СР Струмица, а финансиски овозможен од Општина Струмица.

Присутните гости на изложбата, за симболична сума, ќе можат да ги купуваат ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП ПОРАКА Струмица со потребните дидактички материјали за работа.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ПРИЈАТЕЛИ! ЗАЕДНО ДА ЈА ПРЕНЕСЕМЕ НАШАТА ПОРАКА!

Напишете коментар