Струмичанецот Алекс Глигор прикажа супер борба во Тајланд

Струмичанецот Алекс Глигор Стојанов-Милев, живее во Тајланд, имаше уште една професионална борба во талјандски бокс во организација на Макс мај тај.
Во многу интересна и динамична борба, иако имаше предност по првата и третата рунда, мечот беше прекинат поради повреда на главата на Стојанов-Милев, однонсо да му ја избришат крвта. Тој настапи во категоријата до 72 килограми.

„Тоа беше супер борба. Противникот имаше 80 борби. Од страна на организаторот добивме бонус, бидејќи нашата борба беше меѓу најдобрите“, изјави Алекс Глигор за Ipon.mk.

Преземено-Ipon.mk

Напишете коментар