Трикови за Зимска Нега на Вашата Кожа

Ниските температури, сувиот и остар ветар, можат да допринесат до сушење на кожата како и појава на брчки. Покрај тоа, слабата циркулација, почестиот престој во затворени простории во овој зимски период само допренесуваат дополнителни негативности на вашата кожа.

Покрај стандарните кремови, еве ви неколку трикови за зимска нега на вашата кожа.

Во кремовите додаете бадемово масло.

Пред да излезете надвор, во кремот што го користете додете малку бадемово масло. тоа е добро дури и за осетлива кожа. маслото од бадем ќе му даде нежност и ќе го смири вашето осетливо лице или кожа.

Исто така бадемовото масло може да го користите за отстранување на вашата шминка како и за нега на лицето пред спиење.

Во зимскиот период избегнувајте да го миете лицето со сапун, колку и да е направен на природна база, сапунот во овој период може дополнително да ја суши кожата.

Најдобро во овој период ,  е да се миете со средства на база на масло, тие му даваат влажност  на лицето и ги чистат порите од секојдневните штетни материи.

Важно е исто така и да се туширате со млака вода, бидејќи топлата вода исто така во овој период може само да придонесе за дополнително сушење на вашето лице.

Пудрата и покрај тоа што има естетско значење, таа во овој зимски период ќе ве штити дополнително. Пудрата никако не смеете да ја ставете на сува кожа. прво намачкајте се со крем и после 10 минути може да ја нанесете пудрата.

 

Напишете коментар