5 Години Поликлиника Филип Втори во Струмица

По повод 5 години од отворањето на поликлиниката „Филип Втори“ во Струмица, денес во ова здравствена установа се вршеа бесплатни прегледи. Под мотото За отворено здравје врвен тим на лекари предводени од др Жан Митрев вршеа консулатитивни прегледи. Интересот кај струмичани огромен. Само во теков на денот над 400 прегледи изврши тимот од ова поклиника.  Покрај ваквите бесплатни прегледи кои ќе бидат организирани и во иднина, поликлиниката Филил втори ќе организира и здравствени работилници со кои ќе се подигнува свеста кај населението за поголема грижа на сопственото здравје. Покрај кардиохирургијата, поликлиниката нуди услуги и од областа на интерна медицина, гастро и абдоминална хирургија, ортопедија, урологија а од неодамна во Струмица започна со работа и одделот за гинекологија.

 

Напишете коментар