Претставници на општина Струмица на обука за родово одговорно буџетирање
Претставници на општина Струмица учествуваат на обука за родово одговорно буџетирање кој што се одржува во Струга од 16 до 19 ноември. Обуката е поделена во две групи и тоа, напредна обука за претставници на локалната администрација и воведна за претставници на совети/комисии за еднакви можности, буџет и финансии и други релевантни комисии. На обуките присуствуваат десет пилот општини од Република Македонија и секоја од општините по свој избор работи на одредена предлог програма, во која ќе биде вградена родовата перспектива. Општина Струмица ја избра Предлог програмата за локален економски развој и истата ќе биде изработена по принципот на родово одговорно буџетирање.
Обуката се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските службеници и локални претставници за родово одговорно буџетирање“.