Презентација на резултатите од Проектот-Градење на ефективна и демократска локална власт
Вчера во просториите на општина Босилово претставниците на „ECORYS„ – Холандија со своите домашни експерти пред градоначалникот на општина Босилово ги претставија резултатите од спроведувањето на проектот:„Градење на ефективна и демократска локална власт„ во кој беше вклучена и општина Босилово.
Проектот беше насочен кон постигнување на резултати во следните четири области: процесите на децентрализација, следење на услуги на локалната власт, интегрирано општинско планирање и подобрување на услугите за жителите.
Општина Босилово активно учествуваше во реализацијата на проектните активности со свој тим на луѓе со што ги зголеми сопствените капацитети за градење на силна и одговорна локална власт.