Се постави нова урбана опрема во паркот пред домот на АРМ
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска продолжи со поставувањето на урбаната опрема во новото катче за прошетка и одмор во големиот градски парк, односно, пред домот на АРМ. На овој простор, покрај веќе поставените 10 канделабри, се поставија и 13 клупи и 10 корпи за отпадоци. Истовремено, се врши и микро рамнење на теренот за сеење на трева. Со ова дополнително уредување е опфатена вкупна површина од 11 илјади метри квадратни, на која покрај урбаната опрема, поставен е систем за наводнување и направени се пешачки патеки со бекатон плочки.