Slow Food Огражден учествуваше на ЕВРОПСКИ РУРАЛЕН ПАРЛАМЕНТ Шардинг, Австрија 2015

На собирот на 240 претставници на руралните заедници од 40 европски земји, меѓу кои Мрежата за рурален развој на Република Македонија и  Ograzden, кој што во периодот од 4 до 6 ноември, во Шардинг, Австрија, за втор пат се организираше како Европски рурален парламент, се одобри амбициозен Европски рурален манифест. Со него се повика на целосно признавање на правата на руралните заедници кон квалитетен живот и животен стандард еднаков на оној што го има урбанoтo населениe, како и целосно учество во политичките процеси.

 

Манифестот, со кој се застапува акции за 30 клучни прашања, претставува резултат на националните кампањи во 40 земји, во кои беа вклучени илјадници жители на руралните средини.

 

Тие повикаа на обновено и еднакво партнерство помеѓу луѓето и властите. Се нагласи дека луѓето од руралните средини имаат одговорност да дејствуваат кон својата благосостојба, но побараа властите на сите нивоа, вклучително и европските институции, да работат со цел ова клучно партнерство да има ефект.

 

 

Европскиот рурален парламент ја повика Европската унија да подготви главен преглед на условите во руралните области во рамките на ЕУ. Заклучоците од овој преглед треба да се огледаат во зголемен фокус врз руралните области во сите релевантни програми и фондови на ЕУ. Кампањата на Европскиот рурален парламент ќе продолжи во текот на следните две години во насока на влијание врз подготовките на политиките за периодот по 2020 година.

 

Напишете коментар