Стартуваше изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица
Во домот на АРМ, денеска, се одржа првата работилници во рамките на изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица за периодот 2016 – 2020 година. На работилницата на која присуствува претставници на општинската администрација, јавните претпријатија, бизнис и невладиниот сектор, се дефинираше рамката за работа, се направи резиме на старата Стратегија за ЛЕР и останатите стратешки документи поврзани со економскиот развој на општина Струмица, а се дискутираше за добрите практики и научени лекции во процесот на изработка на постоечката, а кои што можат да се применат во новата Стратегија. На денешната средба, членовите на работната група ги дефинираа и приоритетите за секоја област во новата Стратегија за ЛЕР.
Визијата, стратегиските цели, програмите и проектите кои ќе се идентификуваат низ неколку работилници, ќе овозможат побрз локален економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на општина Струмица. Изготвувањето на Стратегијата е со поддршка на УСАИД – проект „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработување“ (ЈЕС мрежа), а преку Локалниот економско социјален совет и одделението за локален економски развој на општина Струмица.