Се одржа заедничка меѓуетничка средба на учениците од ООУ „Видое Подгорец“ и „Маршал Тито“
Во прекрасна атмосфера на заедничко дружење во рамките на програмските активности од меѓуетничка интеграција во образованието, во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ во Струмица се реализираше средба на ученици од мешан етнички состав, кои направија одличен перформанс на негување на обичаи на традиционалната македонска и турска свадба.
Со сватови, бовчи, музика, традиционална храна од двете етнички заедници и се разбира со младоженци, креативно и посветено, учениците, наставниците и родителите успеаа на присутните гости и на претставниците од Советот на општина Струмица, да им ги доловат моментите на заборавените традиционални свадбарски обичаи.
Општина Струмица секогаш ја дава поддршката во делот на меѓуетничката соработка во образованието, која произлегува од програмските определби на основните и средните општински училишта и нивната меѓусебна соработка.