Корисни Совети за во Кујна од Најдобрите Кувари
Готвењето понекогаш знае да биде вистински пекол, може да се испрскате од топлото масло, да ви загоре млекото, исто така да ви загорат садовите за готвење, и на крај да ве печат од очите од кромидот.
Еве во прилог неколку совети со кои се надеваме барем за малку ќе ви олеснат секојдневните проблеми во вашата кујна, а со тоа ќе можете релаксирано да заготвите јадење за вашите најблиски.
Како да ги исчистите семките од плодовите на зеленчуците и овошјето ?
За да исчистите на пример семките од тиквата, тоа најлесно ќе го направете со специјалната лажица за сладолед, со нејзините остри краеви тоа ќе го направете доста брзо и лесно.
Како да го одделите вишокот на мрснина од вашето јадење ?
За оваа птребно ви е парче лед и салфетка.Ставете го ледот во салфетката и пминете го јадењето, ледот како магнет ќе ја собере целата непотребна и мрснина што е вишок.
Како да испечете цела кокошка или пиле ?
Кокошката или пилето треба да го ставете со градите во садот за печење, бидејќи во градите е најголемото кличество на месо, и тоа најпрвин ќе се испече.
Како да добите повеќе сок од портокал, мандарина, цитрон ?
Плодовите најпрвин треба да се изладат, а потоа треба да се стават 15 секунди во микробранована печка.
Се надеваме дека барем за малку ќе ви ги намалиме проблемите во кујната…