Halloween на Македонски Начин
Денес е Halloween, познатиот Американски “празник”, кој што тотално го има изгубено значењето, на она што некоаш се празнувало и славело на овој ден. Заедно со плеадата Американци, кои едвај чекаат да се облечат како секси Princess Lea или Iron Man,последните неколку години, се придруживме и ние, збунети Македонци па си го присвоивме празникот, и сестрано си славиме со издлабени тикви. Можеби овој пост требаше да биде објавен малку порано, но земајќи во предвид дека денес е Сабота- пазарен ден во Струмица, не се сомневаме дека сите сте си купиле тиква, па наш предлог е вие да си го прославите Halloween, но на Македонски начин. Славењето изгледа вака:
Наместо да се издлаби тиквата, и да се фрлат сите здрави придобивки кои ги нуди (витамнин А, бета каротен, влакна,потасиум итн) истата ја сечеме на резанци, и ја редиме во плех, кој што го залеваме со малку вода, и го ставаме во фурната на 200 степени околу еден час. Може да се послужи со малку шеќер или мед.
Happy Halloween:)))