„Планетум“ уредува нова јавна површина со поддршка од општина Струмица
Во организација на еколошкото друштво „Планетум“ денеска почна да се уредува уште една јавна површина во градот, а во рамките на проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“. Проектот е поддржан од општина Струмица преку програмата за поддршка на невладиниот сектор за 2015 година, а во неговата реализација се вклучени и одделението за заштита на животната средина и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.
Денеска се работеше на уредување на јавната површина пред станбената зграда на улицата „Ристо Клепов“ број 2. На овој простор ќе бидат поставени сет од клупи и маси, саксии и канти за отпад, а ќе биде и хортикултурно уреден.