Жителите на Турското Маалп во Градашорци Добија две Асфалтирани Улици
Две улички во т.н Турско маало во Градошорци денес беа асфалтирани.
„ Асфалтирањето на овие две улички е планирано со Програмата за изградба, реконструкција, уредување и заштита на локални патишта и улици и кон нив гравитираат околу шеесетина домаќинства, што значи на сите нив од денес им е решено едно големо прашање, “ рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој и самиот присуствуваше на асфалтирањето во Градошорци.
Се работи за вкупна должина од околу 230 метри односно должината на едната од уличките е околу 100 метри а на другата 130 метри, додека ширината е по околу 3 метри односно онолку колку што дозволува постојниот простор. Инвестицијата е на општина Василево, и истата изнесува околу 850 000 денари.
Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.