Продолжува реализацијата на програмата за инклузивно образование на ранливи групи ученици во ООУ „Видое Подгорец“
Под мотото „Работење заедно за создавање инклузивни училишта“, а во рамките на програмата Инклузивно образование, во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица се реализираше дисеминација (ширење на знаењата) на модулот 2.
Дисеминацијата ја спроведоа стручните соработници и наставници од училиштето, кои претходно ја следеа обуката во која беа опфатени повеќе области и активности, како што се, комуникација за градење врски, разбирање на ограничувањата на учеството, градење тимови и коалиции за инклузија.
Општина Струмица во рамките на донесената стратегија за образование конкретно ја опфаќа поддршката за едукација и стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар за потребите на соработката на воспитно-образовните институции и локалната заедница.
Програмата Инклузивно образование се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за граѓанско образование.