Тикет на годината: 20 денари за добивка од 600.000 денари!
Мики Ризов од с. Фурка во близина на Дојран го уплати тикетот на годината во Sport Life обложувалници: погоди 20 натпревари со коефициент над 1.40 и ја доби максималната исплата од 600.000 денари!
Тикетот е уплатен во понеделникот во Валандово и за минималната уплата од 20 денари и со погодени 20 натпревари ја доби максималната исплата од 600.000 денари благодарение на промоцијата „Бонус Фибоначи плус“ и бонусот од неверојатни 987% на добивката!
Мики Ризов на тикетот мајсторски избрал осум тениски двојки, десет кошаркарски натпревари и два двознаци на фудбалската Лига на шампиони! Последниот натпревар беше ЦСКА Москва – Манчестер јунајтед, а англискиот тим не загуби на гостувањето во Русија и на среќниот Мики му донесе скоро околу 9.000 евра!
Вкупниот коефициент на погодените натпревари е 3131 и ако Мики не бил член на Sport Life клубот, на тикетот немаше да се пресмета дополнителниот бонус и добивката би била „само“ 62.620 денари.
Честитки за Мики Ризов, а останатите типувачи можат да ги искористат погодностите на промоцијата во Sport Life клуб – „Бонус Фибоначи плус“ која трае до 2-ри ноември.
Преземено од Спортлајф