Советот на општина Струмица денеска ја одржа 32-та седница
Членовите на Советот на општина Струмица, денеска, ја одржаа 32-та седница на која донесоа повеќе одлуки и програми.
-На дневниот ред беа 25 точки и сите беа усвоени, една беше повлечена за да се даде можност на сопственикот на локалот да му може да си ја регулира својата обврска како би можеле да му го признаеме во постапката на бесправно изградените објекти, објектот кој што е изграден на неговата градежна парцела, а не се согласува со деталниот урбанистички план. Првата точка од дневниот ред беше известување за отсуство на три седници по ред на член на Советот на општина Струмица, се работеше за советникот Никола Пандев кој отсуствуваше три седници по ред и согласно законот за локална самоуправа мора да се стави на дневен ред, а за оправданоста на отсуството на советникот одлучува Советот на општина Струмица со мнозинство гласови, советниците му дадоа поддршка на советникот. Останатите точки се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на Акциски план за локалната стратегија за развој на образованието во општина Струмица, Акциски план за локалната стратегија за соработка со граѓанскиот сектор, Акциски план за локална стратегија за социјална заштита на граѓаните и Акциски план за локална стратегија за млади на општина Струмица за периодот 2015 – 2017 година. На денешната седница беше усвоена и предлог – одлуката за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавното осветлување, согласно кој општина Струмица треба да избрише долг од 32 граѓани, а вкупната сума изнесува 98.478 денари, тоа се пари од кој се откажува општина Струмица за да може да се реализира отписот на долгот кој социјалните случаи не можат да го платат, рече Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица.
На денешната седница беа усвоени и предлог – програмата за одржување на улиците во градот и локалните патишта во Општината за 2015/2016 година во зимски услови, правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места во ЈОУДГ „Детска радост“, одлука за утврдување на цената на услугата за обележување на хоризонталната сигнализација на подрачјето на општина Струмица и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.