Асфалтирање на улица во Колешино
Општина Ново Село продолжува со реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2015 година. Во оваа програма е опфатено населеното место Колешино со асфалтирање на една улица со должина од 160 метри и ширина 4 метри. Со асфалтирањето на оваа улица се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација односно подобар квалитет на живеење на граѓаните. Со оваа програма се опфатени и други населени места во општината, асфалтирани се улици во населените места: Зубово, Сушица, Самоилово и Колешино, а остануваат уште Мокриево, Мокрино,Смоларе и Старо Коњарево