Се санираат просториите на трета урбана заедница
Општина Струмица ја почна санацијата на просториите на трета урбана заедница. Со овој градежен зафат се опфатени две простории во кои се работи на подот, односно, на поставување на керамички плочки. Покрај ова извршена е и реконструкција на дел од кровот, а се работи и на обновување на фасадата. Санацијата се врши со средства од буџетот на општина Струмица во износ од 200 илјади денари.
Овој градежен зафат е уште една потврда дека Струмица е општина по мерка на граѓаните, затоа што санацијата се врши на барање на граѓаните, а кое општината го прифати и веќе го реализира.