Откако му Било Одземено Бесправно Исеченото Дрво, Жител на Стојаково го Искршил Автомобилот
Секторот за внатрешни работи-Струмица, Надворешна канцеларија за криминалистички работи –Гевгелија, до ОЈО-Гевгелија, поднесе кривична пријава, против Д.В (20), Ѓ.В (26), Н.А (23) од с.Стојаково,В.К (27) од Богданци, Р.В (22) и Н.В (42) од с.Стојаково, поради постоење основано сомнение дека второ, трето и четврто пријавениот сториле кривично дело „кражба“, прво, второ, трето и петто пријавениот сториле кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и кривично дело „Загрозување на сигурноста“ а шесто пријавената сторила кривично дело “Поттикнување“ предвидени во КЗ на РМ, соопшти полицијата.
Имено, на 29.09.2015 година, откако второ, трето и четврто пријавените се договориле да извршат бесправна сеча на огревни дрва во атарот на с.Стојаково, околу 23,00 часот, со моторна пила сопственост на второпријавениот, во близина на локалниот пат Стојаково, исекле поголема количина огревно дрво-брест. Дрвата биле наменети за продажба на лице од с.Стојаково, по што исечените огревни дрва ги натовариле во ПМВ и се упатиле кон семејната куќа на нарачателот. Во моментот кога ги растоварале огревните дрва пристигнала полициска патрола по што им било побарано да достават на увид документ за сечените огревни дрва. Откако полициските службеници утврдиле дека се работи за кражба на огревни дрва повикале шумска полиција и увидна екипа од ПС од ОН Гевгелија. До моментот на нивно доаѓање од страна на полициската патрола била побарана интервенција од дополнителен број полициски службеници, бидејќи прво пријавениот упатувал закани и дрско се однесувал кон полициските службеници. Во тој момент ги повикал по телефон второ, трето и петто пријавениот. На лице место дополнително пристигнала и шесто пријавената (мајка на прво пријавениот) која првично го смирувала прво пријавениот, но дополнително како и останатите почнала дрско да се однесува.
Во моментот на постапувањето на полициските службеници и соопштување дека од страна на шумска полиција натоварените дрва и возилото ќе му бидат одземени, шесто пријавената го поттикнувала првопријавениот да го запали ПМВ со дрвата напрскувајќи го со бензин. По што прво пријавениот по упатување закани на полициските службеници го полил возилото најверојатно со запалива течност, но, не го запалил, зел нож со кој ги исекол пневматиците на возилото а потоа со дрво ги искршил стаклата правејќи поголема штета на возилото. Со ваквото однесување прво пријавениот ги попречил полициските службеници да си ги завршат службените задачи а второ, трето и петто пријавениот за цело време го подржувале , упатувале закани и ги попречувале полициските службеници во вршење службено дејствие.
Од страна на полициските службеници бесправно сечените дрва привремено се одземени и пренесени до складот на Шумското стопанство во Гевгелија.
По превземени дополнителни мерки и активности пријавените се лишени од слобода и задржани во просториите на полициската станица во Гевгелија.
Од страна на судија на претходна постапка на прво, второ и трето пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена а на петто пријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 8 дена