Показен час од физичко и здравствено воспитување во СОУ „Никола Карев“ за децата од градинкат
Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска се одржа показен час од физичко и здравствено воспитување за децата од градинката „Детска радост“. Дечињата со големо задоволство учествуваа во сите спортски активности организирани од наставниците и уживаа во користењето на спортските реквизити во салата. Според директорот на училиштето Драган Јанков, со овој час практично и започна соработката со сите воспитно – образовни институции од општината и пошироко.
-Почнавме со најмалите возрасни категории, односно, со детската градинка и оваа соработка ја направивме намерно во нашето училиште поради многу подобрите услови и оваа активност што ја спроведуваат наставниците од нашето училиште можат да ја видат и воспитувачките од градинката и дел од тоа да применат во градинката. Почнавме со градинката, а соработката преку држење на практични часови, ќе ја продолжиме со основните и средните училишта и со сите факултети кои што постојат во Струмица, рече Јанков.