о. Ново Село-Откривање на спомен обележје на Иван Илиев Ајдински
Пред седиштето на општина Ново Село, во Ново Село беше откриено спомен обележје на македонскиот револуционер Иван Илиев Ајдински.
Иван Илиев-Ајдински бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.
Тој е роден на 23 септември 1885 година во Ново Село, Струмичко. Во 1897 година се школувал во училиште во Солун, а потоа и во Солунската егзархиска гиманзаија, по што се вклучил во Организацијата.
Заради револуционерна дејност е избркан од гимназијата, а по солунските атентати е фатен и осуден на смрт, но бидејќи не бил полнолетен, казната е заменета со 101 години затвор.
Успеал да избега од затворот Једи куле и пак да се приклучи на револуционерните борби. Некое време бил учител во Ново Село, Штипско, а потоа и во Ново Село, Струмичко.
Бил инструктор во Петричко и Струмичко. Учествувал во Илинденското востание како секртар на четата на Христо Чернопеев во Струмичкиот револуционерен округ.
Делегат е на Рилскиот конгрес во 1905 година. Во 1906 година дипломирал во Софија. Од 1907 година е член на БРСДП.
Во периодот 1906 – 1909 година е учител во село Емине (денес Емона), Бургаско, село Заноге, Софииско, и директор на училиштето во село Грамада. 1909 година дипломирал на Правниот факултет на Загрепскиот универзитет.
Учествува на првата балканска социалдемократска конференција 1909 година во Белград. Од 1913 година живее во Струмица, каде што работел како адвокат.
Со доаѓањето на српската власт бил прогонет во Бугарија во 1919 година. Во Бугарија живее во Горна Џумаја.
Бил главен организатор на БКП во овој реон и член на нејзиното раководство (1920-1923). Учествува во организирањето на Септемвриското востание, но поради тешко заболување не можел да се приклучи кон Горноџумајскиот востанички одред, што отишол како подкрепа на востаниците во Дупница.
Од 23.09.1923 е под домашен притвор сѐ до 9 октомври 1923. Преку ноќта Ајдински е убиен пред неговиот дом.