Во мај решени 61 проблем на граѓаните преку „Систем 48“
Во општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во текот на месец мaј биле доставени вкупно 78 пријави од граѓаните на општина Струмица. Од нив решени се 61, а останатите 17 пријави се во процес на решавање бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до овој општински сервис во месец мaj се од областа на уличното осветлување 51, од областа на собирањето смет 13 и 9 се од водовод и канализација.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.