Основното училиште „Видое Подгорец“ е подготвено за новата учебна година
Како и во минатите години, така и оваа за време на летниот распуст реализирани се повеќе зафати во општинското основно училиште „Видое Подгорец“ во Струмица. Според Леонид Танчев директор на училиштето, заменети се плафоните во тоалетите, извршено е бојадисување на училиштето и спортската сала и комплетна дезинфекција. Исто така, во завршна фаза е хортикултурното уредување во училишниот двор, а според планот ќе се изврши вградување на грејни тела за затоплување на спортската сала.
Сите овие зафати овозможуваат подобрување на условите за изведување на воспитно – образовниот процес и за учениците и за вработените во училиштето.